Охриѓанка со номинација за „Избор на спортисти 2017“

Охриѓанката Нина Балабан се наоѓа на листата на кандидати за годинашното издание на спортската манифестација „Избор на спортисти 2017“.

Македонската репрезентативка Нина Балабан – спортско стрелаштво (остварена норма за учество на ОИ на ЕП во Марибор, Словенија) е едни од најуспешните млади спортисти и Олимпијка од светски ранг.Нина Балабан со резултат (407.7 круга) го зазеде 42-то место во дисциплината гаѓање со воздушна пушка од десет метри на Олимписките игри во Рио која беше избрана за млад амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година, од страна на Интернационалниот Олимписки комитет.Балабан е родена во 1995 година во Охрид која на 14-годишна возраст ја започна својата спортска кариера во Стрелачкиот клуб „Охрид”.

Инаку, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, ја објави листата на кандидати за годинашното издание на спортската манифестација „Избор на спортисти 2017“, која ќе се одржи по 63-ти пат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани