Општина Охрид ќе поддржи идеи и проекти од културата

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на
Јавниот повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес на Општина
Охрид за 2025 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа
на културата, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат
за развојот на културата во општина Охрид.
Предлог – проектите,активностите и програмите треба да се однесуваат на
активности од областа на КУЛТУРАТА кои ќе бидат насочени кон директна помош
на општина Охрид во остварување на нејзината основна функција и предвидени
конкретни активности,а се со единствена цел поквалитетна и потранспарентна
постапка за изработка на програмата за КУЛТУРА за 2025 година.
Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди
стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во
областа на КУЛТУРАТА.
Согласно законската регулатива, Општина Охрид како единица на локалната
самоуправа води активна политика на обезбедување услови и превземање
системски активности за РАЗВОЈ НА КУЛТУРАТА.

Право да учествуваат на јавниот повик имаат физички лица со живеалиште на
подрачјето на општина Охрид (уметници и самостојни уметници) кои вршат дејност
од областа на културата согласно Законот за културата и други позитивни законски
прописи во Република Северна Македонија.
Право на учество на јавниот повик имаат и правни лица кои вршат дејност од
областа на културата на подрачјето на општина Охрид (установи од областа на
културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни субјекти), согласно
Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна
Македонија.

Целиот повик тука

Social profiles