Општина Охрид како транспарентна општина, со цел подигнување на свесноста за родова еднаквост и социјална инклузија преку реализација на квалитетни програмски активности од областа на родовата сензитивност со кои ќе се добие позитивен фитбек и бенифит за жените жители на град Охрид како дел од ова современо општество, објавува: Јавен повик за прибирање на предлог идеи-проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на јавниот повик е прибирање на предлог идеи-проекти од областа
на еднаквите можности на жените и мажите со кои ќе се намалат родовите стереотипи и предрасуди кои постојат во општеството преку стимулирање на активности кои ќе бидат спроведени од жени.
Области за кои може да се да се аплицира на овој повик:
1. унапредување на здравјето на жените и мажите;
2. едукација на младата женска популација;
3. превенција и советување за спречување на семејното насилство или насилство во врска;
4. надминување на родови стереотипи преку зголемено учество на жените во образованието, културата, политиката, спортот, уметноста, сообраќајот, претприемништвото, угостителство и туризам, медиумите, земјоделството;
5. инклузија на маргинализирани категории на жени во општеството;
6. заедничко и одговорно родителство и по развод;
7. влијанието на социјалните мрежи врз семејните заедници и
8. еткетирање на разведената жена во општеството.
Финансирањето на избраните предлог идеи-пеоекти ќе се врши преку Програмата за еднакви можности на жените и мажите на општина Охрид за 2025 година.
Распределбата на буџетските средства од горенаведената програма ќе се врши на фер, праведен, ефикасен и одговорен начин.
Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на фискалната година, односно до 31.12.2025 година.
Право на учество на јавниот повик имаат здруженија на граѓани
регистрирани на подрачјето на општина Охрид каде како застапник се јавува
жена, како и физички лица(жени), жители на општина Охрид.
Право на учество на јавниот повик немаат здруженија на граѓани регистрирани на подрачјето на општина Охрид како и физички лица(жени), нжители на општина Охрид кои имаат добиено финансиски средства од општината, по претходно објавени повици за чија реализација се обезбедени средства во
тековната 2025 година.
