Советот на женско претприемништво во Охрид засилено работи на економско јакнење на жените. Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Истражувањата покажуваат дека жените ги надминуваат мажите во бројни лидерски вештини. Општина Охрид прва во регионот ја подготви и усвои Стратегијата за развој на женско прептриемништво, што подразбира вклучување и финансиска поддршка на жената во бизнис секторот.
Подготвен е и акционен план со конкретни мерки и активности за вклучување на жената во сите програми на општина Охрид кои ке бидат родово сензитивни и финансиска поддршка во буџетот.
– Општина Охрид во соработка со националната платформа за женско претприемништво во блиска соработка со секторот за ЛЕР со целосна поддршка на Советот за женско претприемништво ја усвои Стратегијата. Тоа е документ кој е усогласен со сите законски регулативи на земјава и ЕУ. Овој документ направи прво сеопфатна анализа е база на податоци во кој се разработени податоците за вклученоста на жената во бизнисот на територијата на општина Охрид опфаќајки возраст, дејности, степен на управување и кои се нашите потенцијали и можности а претставува база за понатамошно градење на локални политики, вели Ана Крстеска заменик градоначалничка на општина Охрид.
Кога жените ги имаат истите права и можности како мажите, нивните семејства и општеството, ќе напредуваат и ќе бидат успешни. Економски силната жена е двигател на општеството.
– Формираниот Совет за поддршка на женското претприемништво во Општина Охрид со својата работа за јакнење на капацитетите , за поголемо вклучување во бизнис секторот, за еднаков пристап до можностите и фнансирањето итекако влијае за жената да биде еконосмки независна и силна а со самото тоа учествуваме во борбата против семејното насилство бидејки за многу жени токму економксата независност значи пат до слободата. Економски силна жена ке биде похрабра и ќе покаже нетолеранција кон насилство, вели Крстеска.
Во Акциониот план кој произлезе од Стратегијата за поддршка на женското претприемништво предвидени се и обуки на жени почетници во бизнис, и на они кои веќе работат, а им треба менторка поддршка. Ќе има и субвенции на традиционални занаети поддршка за руралната жена.
Новинар Соња Рилковска
