Општина Струга, спроведувајќи ја програмата за зазеленување и уредување на градот, започнува нова акција која се однесува за партерно уредување на дворните места во рамките на урабанистичките парцели за колективно живеење.
Општина Струга ги повикува граѓаните , регистрираните здруженија на станари или група на сосоптвеници на станбени згради, да поднесат барања со нивни предлози за тоа како треба да изгледа нивното дворно место. Кон барањето може да се приложат Идејни скици со предлози за паркинг простор, пешачки патеки, ивичњаци, тревници, садници а истовремено и предлози за отсранување на монтажните објекти-лимени гаражи. Стручен тим во кој ќе учествуваат и самите граѓани ќе ги разгледаат ваквите барања и доколку треба ќе даде дополнителни сугестии.
Општината преку Советот ќе превземе обврска во разумен рок да пристапи кон реализација на сите прифатливи предлози. Заради тоа се обраќаме до сите граѓани во рок од месеците во период од 01.01.2022 до 01.04.2022 да се вклучат кон оваа акција за што побрза реализација на проектот, доставувајќи ги овие предлози преку општинскиот шалтер, до секторот за урбанизам, информираат од општина Струга.
