Општина Вевчани исплати еднократна парична помош за полуматурантите

Општина Вевчани исплати еднократна парична помош за полуматурантите во општината, како дел од традиционалната поддршка за младите ученици.

Градоначалникот Спасе Кочовски соопшти дека денес е реализирана исплатата на паричниот надомест, кој оваа година изнесува 3000 денари за секој полуматурант.

– Денес е извршена исплатата на еднократна парична помош за полуматурантите од нашата општина. Како мал знак на признание и поддршка, Општина Вевчани и оваа година, и покрај скромниот буџет, одвои средства за паричен надомест за секој полуматурант – истакна Кочовски.

Од општината нагласуваат дека оваа мерка има за цел да ги поддржи младите во нивниот образовен пат и да претставува поттик за понатамошни успеси.

-Ви го честитам успешно завршеното основно образование!
Зад вас остануваат многу спомени, другарства и убави моменти поминати во училишните клупи.
Ви претстои пат исполнет со нови знаења, соништа и цели кои ве очекуваат да ги остварите.
Бидете вредни и истрајни, верувајте во себе, негувајте ги вистинските вредности и секогаш гордо носете го името на Вевчани каде и да ве одведе животниот пат! Среќна полуматура и многу успех во понатамошното образование, честита Кочоски.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани