Седумстотини садници од бел бор, црн бор, јавор и даб беа засадени во рамки на есенската акција за пошумување на просторот над селото Горно Лакочереј.
Во акцијата активно учествуваа и ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, во рамки на иницијативата „Училиштата без пластика“.

Од училиштето посочуваат дека ваквите активности имаат значајна улога во подигнувањето на еколошката свест кај младите, поттикнувајќи одговорен однос кон природата и животната средина.
Преку непосредно учество во пошумувањето, учениците придонесуваат за обновување на шумскиот фонд, но и за градење навики за заштита на природните богатства.

Секоја засадена садница е придонес кон поздрава и позелена животна средина и подобра иднина за следните генерации.
