„Од можност до успех – Гласот на руралната жена“

Руралната жена е еден од значајните, но сè уште недоволно препознаени двигатели на локалниот развој. Нејзиниот придонес во семејството, земјоделството, домашното производство, зачувувањето на традицијата и развојот на руралниот туризам има голема општествена и економска вредност. Затоа, промоцијата и поддршката на жените во руралните средини не треба да бидат само прашање на родова еднаквост, туку и важна развојна стратегија.

Жените имаат знаење, вештини, идеи и претприемачки потенцијал, но за нивно претворање во економски можности потребни се финансиска поддршка, едукација, менторство и пристап до пазарот. Создавањето услови за економска независност значи посилни семејства, поразвиени рурални средини и поголеми можности за локалната заедница.

Општина Охрид, преку Секторот за еднакви можности и Советот за женско претприемништво, дава поддршка на овој процес, препознавајќи дека вложувањето во жените значи вложување во развојот на целата заедница. Годинава се издвоени и финансиски средства за промоција и поддршка на руралната жена.

Во рамките на проектот „Од можност до успех – Гласот на руралната жена“, се  отвора темата за предизвиците, можностите и потенцијалот на жените кои живеат и творат во руралните средини, со порака дека нивниот труд заслужува поголема видливост, признание и конкретна поддршка.

ВИДЕО

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани