Два одделни инциденти на нарушување на јавниот ред и мир и семејно насилство се регистрирани денеска во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Во 02:25 часот, на булеварот „Македонски просветители“, повеќе лица учествувале во меѓусебна физичка пресметка, по што се оддалечиле од местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот, по што против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Неколку часа подоцна, во 05:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.К. (31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата девојка.
По целосно документирање на настанот, против 31-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од полицијата.
