Во Охрид на 16 и 17 април ќе се одржи манифестацијата „Општински семафор 2026“, настан посветен на едукација и подигање на свеста за безбедноста во сообраќајот кај децата и младите.
Настанот е во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво, а ќе се реализира на улицата „Кеј Македонија“.
Програмата започнува на 16 април, кога ќе се одржи регистрација и теоретско тестирање на ученици од основните училишта.
Главните активности продолжуваат на 17 април од 09:00 часот, со пријавување на екипи од основните училишта, по што ќе следуваат:
- полигон за основци
- театарска претстава за деца „Чувари на улицата“
- симулациска показна вежба за прва помош
- квиз за знаење за средношколци
- полигон за средношколци
Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за 13:00 часот, по што ќе следуваат обраќања и доделување награди за најдобрите литературни и ликовни творби, како и за победниците од натпреварите.
Настанот ќе заврши во 14:00 часот.
Организаторите упатуваат покана до сите заинтересирани да присуствуваат и да дадат поддршка на активностите насочени кон создавање побезбедна сообраќајна култура кај младите.
