На 02.02.2026 година, во 17:20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж. (37) од струшкото село Велешта.
При преглед на паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое се наоѓал осомничениот, полициските службеници пронашле отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, а во багажниот простор биле откриени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми од различен калибар, дигитална вага и други предмети.
Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот против Ф.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава.


