Ноќеска падна една од канделабрите до која беше поставен засебен столб, на кој беше монтирана дел од новогодишната опрема, поточно чадорите на потегот кон Чинарот.
-„Нашите служби излегоа веднаш на терен и се пристапи кон санирање на овој проблем. Дополнително, ќе се пристапи и кон утврдување на причините кои доведоа до овој немил настан, во кој за среќа, нема повредени лица, а е причинета само материјална штета“, информираат од општина Охрид.