Осмомартовска кампања на иницијативата Збогум Буково „Те сакам за тебе засадив дрво“.
Во сабота кај охридската марина и засадете дрвце за да ја прославите незаменливоста на жените во вашите животи. Имаме 100 чинари и јавори кои треба да го красат каналот во Охрид и да сведочат за нашата посветеност како заедница во градењето на здрава и убава иднина за нашите деца.
Зошто воопшто садиме дрвја?
Урбаното зеленило не само што ги претставува белите дробови на еден град, апсорбира CO2 и произведува кислород што го дишеме, тоа помага и во:
– намалување на глобалното затоплување и штетните ефекти од климатските промени и помага за регулирање на температурата во градовите;
– претставува значајно место за живеење на голем број птици, инсекти и други ситни цицачи;
– ја апсорбира водата од дождовите и ја подобрува структурата на почвата со што го намалува ризикот од поплави и ерозија, а ја подобрува способноста за задржување на водата;
– ја подобрува енергетската ефикантност на градовите намалувајќи ја потребата од ладење преку летото бидејќи произведува природна сенка;
– го подобрува менталното здравје на населението намалувајќи го стресот и подобрувајќи го општото расположение;
– ја унапредува естетиката на урбаната средина со што го зголемува квалитетот на живот на населението;
– ја зголемува економската вредност на имотите во и околу урбаните шуми.

Следете го линкот подолу доколку сакате да донирате за садници
https://ecrowd.mk/…/2da32a78-aef1-4a72-aa3c-a99e044e99d4