Основците се запознаа со придобивките од угостителските профили

 Основците се запознаваат со образовните профили во угостителското училиште.
Во РЦСО „Ванчо Николески“ денеска се реализира втората едукативна работилница за основните училишта ООУ„Живко Чинго“- с.Велгошти и ОУ„Св.Наум Охридски“- с.Пештани.
Учениците се запознаа со работата на училиштето и придобивките од секој од образовните профили.
Во кабинетот по Готварство вкусија дел од подготвените јадења и се запознаа со готварските тајни.
Во кабинетот по Послужување приготвија безалкохолни коктели и се запознаа со правилата за поставување маса и декорирање.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани