Отстранета граната во Охридското Езеро во близина на кејот

Отстранета граната во Охридското Езеро во близина на кејот.

На 18.12.2024 во 12,25 часот, во граничната полиција Регионален центар Запад е пријавено дека, во близина на пределот со езерска трска  на длабочина од еден метар во водите на Охридското езеро, на околу 10 метри од кејот, забележана е граната. Преземени се соодветни мерки во координација со овластени лица од Дирекцијата за заштита и спасување и констатирано е дека се работи за минофрлачка граната од Првата светска војна, калибар 75 милиметри.  Истата, заедно со претставник од нуркачкиот клуб за подводни дејности Охрид, безбедно е подигната за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани