Отворен поетскиот конкурс за Трка на поезијата

Поетскиот конкурс за новото издание на Трка на Поезијата е отворен. „КИЛОМЕТАРСКИ ТАНЦ ДО ЦЕЛТА“ – конкурс за поезија во рамки на меѓународната спортската манифестација „Трка на поезијата“, Струга.

Секоја година, на 15 април, се слави Светскиот ден на уметноста чија цел е да се зајакнат врските помеѓу уметноста и општеството, да се поттикне поголема свесност за различноста на уметничките изрази и да се нагласи придонесот на уметниците. Токму во тој дух Меѓународната спортска манифестација „Трка на поезијата“ во организација на здружението „Спортски мостови“, Струга, распишува конкурс за најдобра необјавена творба на тема „КИЛОМЕТАРСКИ ТАНЦ ДО ЦЕЛТА“.

Така Струга, ќе трча не само атлетски, туку во својот дух и поетски.

На конкурсот можат да учествуваат автори, кои ќе пратат една своја необјавена песна на темата, на email адресата: konkurs@poetryrun.mk

Во рамки на пораката, треба да се испрати и име и презиме и телефон за контакт.

Поезијата може да се испраќа до 15.05.2023. На прес-конференцијата ќе биде објавен најдобриот учесник.

Поетскиот конкурс, ќе го координира тричлена жири-комисија.

Social profiles