Отворено 65 то јубилејно издание на Балканскиот фестивал

Со  звуците на изворниот мелос, шаренилото на народните носии и ритамот на традиционалните ора, синоќа во Охрид свечено беше отворено 65-тото јубилејно издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри — една од најдолговечните и најзначајни културни манифестации во земјава и регионот.

Шест и пол децении фестивалот е претставува жив мост меѓу народите, сцена на која се чува традицијата и  постојано добива нов живот.


„Овој фестивал не е само прослава на фолклорот, туку и празник на традицијата, уметноста и човечката поврзаност. Преку песната, играта и музиката се градат мостови на пријателство, меѓусебно разбирање и почит меѓу народите “,рече во своето обраќање  Грација Бакраческа пратеник во има на Собранието РМ. 

Балканскиот фестивал низ годините израсна во препознатлив културен симбол на Охрид, место каде се среќаваат традиции од различни земји и генерации.


„Овој јубилеј е доказ за континуитет, посветеност и искрена љубов кон традицијата. Тој е доказ дека она што е вистински вредно не избледува со времето, туку се пренесува од генерација на генерација, добивајќи нови значења и нова енергија“, истакна Перчо Божиноски претсдетаел на Советот на општина Охрид.

Во деновите што следуваат, фестивалската програма ќе донесе настапи на бројни домашни и странски ансамбли, кои преку песна, игра и автентични носии ќе го претстават  своето културно наследство.

Новинар Соња Рилквоска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани