Падна првиот снег оваа зима во Охрид. Според УХМР, денеска во текот на целиот ден ќе има врнежи, а на места, особено во западните делови од Македонија ќе бидат обилни . Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови на земјава. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Фото Владо Жура (Фејсбук)
