Театарската претстава „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле повторно ќе биде изведена пред охридската публика во среда, на 29 април 2026 година, со почеток во 20:00 часот.
Претставата е во адаптација и режија на Андреј Цветановски, сцената, костимите и видео дизајнот ги потпишува Сергеј Светозарев, додека музиката е на Димитар Андоновски.
Во актерската екипа настапуваат: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски како Анѓеле, Марија Новак како Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска во улогата на Ката и Никола Тодороски како Софре.
Зад сцената се инспициентот Филип Ангеличин – Жура, за тон и видео проекции е задолжен Никола Јосифоски, светлото го реализира Борис Велјаноски, а за гардероба и реквизита се грижат Деса Лазороска, Линдита Мерко, Соња Крстаноска и Маријана Николоска.
Билетите се веќе во продажба на билетарата по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, како и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведбата.
