Кирил Пецаков утре ја презема градоначалничката функција на Охрид.
Пецаков го добива уверението за легитимно избран градоначалник на општината и се очекува утре да има примопредавање на функцијата.
Д- р Пецаков доаѓа на местото на д-р Константин Геогиески, кој беше избран на вонредни градоначалнички избори и имаше мандат од 2,5 години.
Ќе биде конституиран и новиот Совет на општината, за што веќе е обезбеднео мнозинство на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Мнозинството ќе го сочинуваат избраните советници на Вмро- Дпмне, Левица и независната листа Охрид пред се.
