Општина Струга најавува старт на процедуеата за изградба на ски центар на Јабланица.
Градоначалникот Рамис Мерко, одржа состанок со Дејан Павлески , директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Даниел Костантини, директор на компанијата Балкан Туризам Консалтинг од Италија.

Мерко најави дека почнува процедурата за изградба на скијачки центар на Јабланица.
„Ова е важен процес за нашата општина затоа како градоначалник во следните чекори ќе ги консултираме невладините организации, месните заедници, бизнис секторот и сите други засегнати страни” – потенцираше градоначалникот Мерко.

