Педијатри од Скопје ќе работат на детското одделение во Охрид

Специјалисти  педијатри од скопската Клиника  ќе работат  на детското одделение во Охрид, најав министерот за здравство Венко Филипче. 

 

 Распоредот на ротација ќе се направи откако ќе се изгласа измената на Законот за здравствена заштита кој ќе им овозможи на специјалистите  од сите здравствени установи  да може да работат  низ целата  држава.

Оваа најав следува откако пред повеќе од еден месец, порди недостиг на педијатри детското одделение во Охрид работи само како амбуланта од 08 до 20ч. 

–Со таков дефицит на специјалисти од одредена специјалност се соочуваме на повеќе места во државата и затоа интервенираме тука во Охрид со тоа што двајца педијатри ќе бидат пратени во следниот период од скопската Клиника за детски болести и ќе бидат континуирано присутни. Тој систем на ротација ќе го задржиме додека не најдеме некое друго трајно решение. Едно од можните решенија е во веќе предложената измена на Законот за здравствена заштита со што овозможуваме, било кој лекар од било која јавна или приватна здравствена установа да може да дежура во друга здравствена установа, со цел да се овозможи потребната служба во еден дел од денот. Овој систем на ротација нема да важи само за педијатрите, ќе важи за сите други специјалисти, рече Филипче. 

Минстерот кажа дека се очекува наскоро да биде изгласан Законот и да се реши проблемот со дефицит на специјалисти низ државата. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани