Педијатрите од охридско- струшкиот регион загрижени.
Во недостиг на специјалисти, речиси половина година децата од Охрид се лекуваат на Детското одделение во Струга. Во пресрет на престојната туристичка сезона дополнително ќе се зголеми обемот на работа.
Бараат министерство за здравство, итно да изнајде соодветно решение.
– „Наплив имаме не само од Охрид, туку и од Ресен, од Дебар. Персоналот не може да издржи и сестрите не само ние. Вие денес 100 деца да ги боцкате не се издржува, напорно е, многу е напорно“, вели д-р Влатко Мицкоски специјалист педијатар од Струга.
На детското одделение во Струга има шест лекари педијатри, а во Охрид останаа само двајца, поради што детскотото одделение работи како амбуланта.
„Тука е погрешно водена политика уназад 15 тина години. Тргнувајќи од тоа што нашата специјализација е пет годни минимум, односно точно пет години. Неводење на политика кој кога ќе оди во пензија за да се формираат нови кадри“, додава д-р Мицкоски.
Двојно е зголемен бројот на пациенти на детското одделение во Струга, дневно има и по 120 прегледи. Најкритично е во викенди, за празници и ноќна смена. За долгорочно решавање на проблемот со недостиг на специјалисти потребна е квалитетна кадровска стратегија.