Пешаци повредени од удар на автомобил

Сообраќајка се случи на булеварот „Туристичка“ попладнево околу 17 часот.

Очевидци за Охриднет кажаа дека возило ги удрило пешаците додека преминувале на пешачки. Нив им помогнал возачот на автомобилот а за кратко време пристигнало возило на Брза помош и полициско возило. Сообраќајната незгода ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Тој кажа дека патничко моторно возило марка „Хонда“ е учесник во сообраќајната незгода и дека возилото налетало на двајцата пешаци. Димоски додаде дека повредените се префрлени во Општата болница во Охрид каде се констатирани лесни телесни повреди.Сепак, додаде Димоски, еден од повредените е задржан на натамошна медицинска опсервација.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид а по целосното документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани