На 13.04.2026 година во 16:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Кленоец“ во Охрид, патничко возило „Опел“ со охридски регистарски ознаки удрило во пешак од селото Свиништа, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата, 55-годишниот пешак се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“.
По преземени мерки, полициски службеници од СВР Охрид го пронашле возачот, кој по наредба на јавен обвинител бил лишен од слобода, а возилото било одземено. При извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол со 2,78 промили, додека кај пешакот биле измерени 1,34 промили алкохол во крвта.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
