По кавга се обидел да го удри со секира.
На 05.04.2025 година во 18.30 часот во СВР Охрид Б.С. (48) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот додека бил во градски пазар во Охрид по претходна вербална расправија бил физички нападнат од страна на М.О. (33) од Охрид кој што во еден момент се обидел да го удри пријавителот со секира, но не успеал во намерата. По превземени мерки М.О. е лоциран и лишан од слобода од страна на полициски службеници при СВР Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.
