По кратко боледување, на 89-годишна возраст, вчера почина Никола Рилковски, поранешен секретар на Општина Охрид, кој својот работен век го посвети на јавната администрација и развојот на градот.
Во текот на кариерата, тој ја извршуваше функцијата секретар на Општина Охрид, од каде и замина во пензија. Претходно беше дел и од раководните структури на „Трудбеник“, оставајќи значаен белег во својата професионална работа.
Никола беше и еден од основоположниците на најголемата музичко-сценска манифестација „Охридско лето“, со што даде значаен придонес во културниот развој и афирмацијата на Охрид.
Ќе остане запаметен како посветен, чесен и одговорен човек, кој со својата работа остави трага во институциите и културниот живот на градот.
Посмртните останки ќе се изложени денес од 14 часот на градските гробишта во Охрид.
