По кратко боледување, на 84 годишна возраст почина познатито адвокат Томислав Балабан.
Беше истакнат опшествено политички работник. Во својот работен век обавувал голем број на државни функции, бил директор на повеќе фирми во СРМ и еден од најзаслужните за пробивот на градежните фирми од Македонија, во Полска, Либија, Чешка, Источна Германија. Чичко Томе беше по професија Правник и долгогодишен претседател на охридскиот суд, но ќе биде запомнат како човек ,кој на никому не му нанел зло. После неговото пензионирање продолжи со својот работен ангажман во адвокатската канцаларија на неговиот син Емил Балабан,секогаш ведар и секогаш подвижен.
Томислав Балабан , беше урбана легенда. Драг човек, со широка насмевка секогаш расположен секому да пружи рака.
Пријателите, со трогателни пораки се збогуваат од чичко Томчо на социјалните мрежи.
Чичко Томче, голем човеку, луѓето како тебе никогаш не умираат. Најди си мир и спокој на душата таму некаде позади Божјите порти, во Рајската градина, каде заслужуваш посебно место. Во мислите и спомените ќе останеш да живееш Вечно……
Ти ја свирев “The Godfather”, ја сакаше… Безмерно те почитував, беше голем пријател на целото мое семејство. Се восхитував на твојата енергија и љубов кон животот! Завчера ти пратив порака, не ми одговори, ама се надевав… и не можам да поверувам….. тажно, мачно…
