Нов луксузен хотел ќе се гради во населбата „Свети Стефан“ во Охрид. Во понеделник започнува изградбата на современиот хотел на оваа атрактивна локација на самиот брег на Охридското езеро.
Инвеститор на хотелот е реномираната охридска компанија „Зора ДОО“ Охрид.
Од првичните информации до кои дојде Охриднет.ком хотелот ќе биде на пет ката, опремен со современи содржини кои ќе нудат комфор на гостите. Ќе има спа центар и базен.