Почнува летен режим на подигнување на отпадот.
Во летниов период, почнувајќи од месец јуни, комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро.
Согласно Програмата за работа за оперативната 2025 год., Ј.П.,,Охридски Комуналец” во летниот период почнувајќи од месец јуни, собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот. Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период. Секое непочитување на динамиката ќе биде пријавено до Комуналната инспекција и ќе биде соодветно санкционирано, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
