По повод големиот јубилеј од 600 години од изградбата на црквата „Св. Спас“ во Лескоец, градоначалникот на Кирил Пецаков денес подари икона „Вознесението Господово“, како симболичен чин на почит кон духовното и културното наследство.
Настанот се одржа во црквата Црква Св. Спас, Лескоец, која претставува едно од значајните духовни обележја во охридскиот регион и сведок на вековна традиција и вера.
Пецаков истакна дека ваквите јубилеи се потсетник за трајните вредности што треба да се негуваат и пренесуваат на идните генерации.
„Ова светилиште со векови е сведок на нашиот опстој, вера и традиција. Шест века духовност се доказ дека Охрид има со што да се гордее, да го чува и да го негува за идните генерации.“



