Меѓународниот аеродром ќе се преименува од „Александар Велики“ во „Аеродром Скопје“, објави денеска премиерот Зоран Заев на прес конференцијата со ЕУ амбасадорот, Самуел Жбогар.
Македонската страна е подготвена за решение на името со географска одредница, нагласи премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција. Автопатот, како што е веќе познато ќе се вика „Пријателство“. Ова се отстапките што веќе ги презема македонската влада за да дојде до договор со Грција за прифатливо име за нашата држава кое нема да биде Република Македонија.Во однос на Стратегијата, Заев рече дека се работи за добра вест бидејќи во неа се подвлекува дека Македонија постигнала значителен напредок и дека се движи на вистинскиот пат.
