Покрај првачињата финансиска помош и за матурантите во Вевчани

На 15-та седница на Советот на општина Вевчани од страна на членовите на Советот на општина Вевчани, едногласно се прифатија предлог одлуките сна градоначалникот.
Доделување еднократна парична помош во висина од по 2.000 денари за полуматурантите запишани во учебната 2023/2024 година во ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани;
Доделување едноктратна парична помош во висина од по 2.000 денари за првачиња запишани во учебната 2024/2025 година; како и
Одлука за доделување финансиски средства на Здружението за развој на спортот и младите ВЕВЧАНСКИ СПОРТСКО ДРУШТВО Вевчани од Вевчани во висина од 30.000 денари за учество на спортски настан – турнир во мал фудбал “Летен фудбалски фестивал” во општина Херцег Нови, Црна Гора.
Средствата се можеби скромни, но согласно можностите на буџетот на општина Вевчани, се грижиме и мислиме на младите. Воедно и создаваме услови за нивно организирано учество во креирањето на локалните политики, информира градоначалникот Спасе Кочоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани