Во прекрасна и свечена атмосфера, викендов во галеријата на Мултикултурниот центар во Вевчани беше отворена изложбата на уметнички дела од Владимир Младеноски, насловена „Низ духовните простори на Македонија“.
Изложбата нуди впечатлив уметнички приказ на духовното и културното богатство на Македонија, претставено преку уникатниот израз на авторот.
Поставката ќе биде достапна за посетителите секој работен ден, во периодот од 08:00 до 15:30 часот, во галеријата на Мултикултурниот центар – Вевчани.
Организаторите упатуваат покана до сите љубители на уметноста да ја посетат изложбата и да уживаат во делата инспирирани од македонската духовна традиција и култура.




