Започна реконструкција на улицата „Костојчини“ во Вевчани

ВЕВЧАНИ – Интензивно се одвиваат градежните работи за реконструкција на локалната улица „Костојчини“, проект што го најави градоначалникот Спасе Кочовски.

На терен веќе е ангажирана механизација, а според фотографиите, се врши отстранување на стариот коловоз и подготовка за нова инфраструктура.

Со овој зафат е предвидено:

  • целосна реконструкција на долниот и горниот строј на улицата,
  • како и изведба на нова подземна мрежа за јавно осветлување.

Локалните власти очекуваат со реализацијата на проектот значително да се подобрат условите за сообраќај и квалитетот на живот на жителите во овој дел од Вевчани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани