На 30.04.2026 година во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.В. (36) од Охрид.
Според информациите, приведувањето следувало по претходна пријава од неговата 65-годишна мајка, која пријавила дека на 29.04.2026 околу 21:00 часот, во семејниот дом, тој агресивно се однесувал кон неа и кон својата сопруга.
Во пријавата се наведува дека осомничениот им упатувал закани и ги избркал од домот.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
