Полицијата и царината дискутираа за возилата со странски таблици

Во СВР Охрид, денеска беше одржан работен состанок со претставници на Царинската управа на Република Македонија.

Работната средба имаше информативно-координативен карактер со цел размена на искуства и поуспешно откривање на царински прекршоци при управување на физичките лица на патнички автомобили со странски регистарски ознаки кои подлежат на Законот за царина.
Претставниците на СВР Охрид и на Царинската управа договорија засилени мерки во сообраќајот на целото подрачје и интензивни контроли на терен кон лицата кои бесправно управуваат патнички моторни возила со странски регистарски ознаки. Со цел поголема успешност на предвидените активности, договорени се зачестени едукации на сите полициски службеници кои понатаму ќе треба да ги преземаат мерките на целото подрачје што го покрива СВР Охрид.

Social profiles