Пониски казни за бродарите и кајчарите

Капетанија на пристаништа на РМ најавува измени во Законот за внатрешна пловидба.

Се подготвува  олабавување  на казнената политика, односно намалување на енормно високите казни за кајчарите и бродарите. 

Прекршителите на законот во езерската  пловидба  нема да бидат амнестирани, напротив ќе бидат казнувани,  но со поблаги,  реални казни складни со   финансиската состојба. 

-, Колку да е инспекторот обрзан кон законот без емоции да го спроведе ние имаме проблем што поголемиот дел од кајчарите таксистите решаваат социјален проблем со таа работа. Мора да имаме казна која е одмерена и прилагодена на приликите на терен“, појаснува капетанот Горан Устијаноски. 

Ќе се изменат и недостатоците во однос на регулирањето на плажите. Досега концесионерите ги контролираа  и локалната и Капетанија, во иднина целата контрола ќе ја прават општинските инспектори. 

– „Мислиме дека ова е најцелисиходно решение, односно   ингерециите ќе припаднат само на една институција која што ќе ги разгледува плажите од повеќе аспекти и тука ќе добиеме поголем ефект“, додава Устијаноски. 

Третиот аспект на законските измени е усогласување на законот  за внатрешна пловидба со европските регулативи. 

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

 

КанаНа дваесеттина денови до најлудата ноќ  Охрид  распродаден за Новогодишните празници.

Градот се очекува да биде преполн со гости. Хотелските капацитети се речиси целосно   резервирани.

 

Најголем број од најавените туристи по традиција  се од соседните земји Бугарија, Србија и Албанија.

 

-05 57 „Гостите кои доаѓаат во хотелите се задоволни со понудата што се случува во самиот хотел меѓутоа во Охрид имаме голем број на апартмани вили кои што би привлекле многу туристи но тоа би се случило доколку навремено се знае што ке се случува за Нова година„, вели Тоше Чочороски хотелиер.

 

Што ќе се случува во главниот туристички центар,  дали ќе има спектакуларен масовен дочек се уште не се знае. Од локалната засега не откриваат,  но најавуваат изненадување.

 

-0439  „ Треба и тоа како дополнителни содржини кои што би го збогатиле амбиентот атмосферата во самиот град дека доаѓа нова година дека се случува Нова година. 0531 Треба дефиниција за самата вечер мегутоа и за трите веери додека траат новогодишните празници“, додава Чочороски.

 

Охрид  веќе е потврдена атрактивна балканска дестинација за новогодишните празници.

Во празничен, накитен амбиент и богата забава,  блескавиот  Охрид  ќе се погрижи гостите да имаат незаборавен престој.

 

Новинар Соња Рилковска

Снимател Игор Трпкоски

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани