Посетителите на охридскиот плоштад уживаат во музиката на Марко Чварко

Гласот на Марко и ѕвуците на македонските  шлагери и светски евергрини  ги топи  срцата на  посетителите на охридскиот плоштад. Уживаат во музичкиот амбиент пиејки го кафето, некои знаат и да заиграат околу него. Уличната уметност е препознатлива вредност на главните локалитети низ светските туристички метрополи.

Марко Илиевски или популарно наречен Марко Чварко, десет години приредува музички перформанс на улица.

-Да, свирам и пеам цел живот, тоа е што го правам. Самоук  сум, немам формално музичко образование,  почнав да  свирам во основно училищте со едно мало хармоника, па после гитарче, па клавир и така натаму.   Моментално  имаме еден сет од македонски шлагери, еден саат и половина отприлика.  и тој ми е сега хит, ми е најкејф место на него да настапувам и имам еден репертуар од англиски песни, исто околу саат и полол  отприлика, и така гледам повесели нумери да одбирам, вели Марко Илиевски или познат како Марко Чварко во интервју за МРТВ.

Нема музичко школо но е вљубеник во музиката талентиран пејач кој ги краде воздишките на минувачите. По потекло е од Скопје, настапувал низ европските метрополи вели живее од улични перформанси.

-Имам настапувано низ Европа, низ многу земји. Не знам, од Италија до Шпанија, Франција до Балканот Најубаво место до сега каде што сум бил надвор од Македонија е Канарија во Шпанија.  Островот карши Мароко не е ни Шпанија, но е под шпанска јурисдикција. Шпанија, таму мислам дека е преубаво и, дефинитивно, чекам пак да отидам. А може ли да се живе од улична уметност?  Да, да, аз живеам од ова 10 години. Ова ,ми е полна работа и од ова живеам 10 години. Може да се функционира и може да се живее? Да, да, апсолутно, да, една нормална плата,  додава Марко Илиевски – Чварко.

Уличните музичари се фриленсери, немаат далечни планови, Марко останува да презими во Охрид, и да ги искористи сончевите денови за да пренесе позитивна енергија на охридскиот плоштад.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани