Во тек се финални подготовки за Охрид трчаТ Детска трка 2024.
Денес се одржа состанок со сите основни училишта на територија на двете Општини кои се дел од трката, со одделенска настава прво одделение и секако професорите по физичко. Свеста се гради од најмали нозе, со таа визија сите заедно за уште едно преубаво издание на Охрид трчаТ Детска трка, пишуваат организаторите.