Вчера во 08,50 часот кај мостот на реката „Черава“, униформиран полициски службеник при обид да ја извади камерата за надзор на државната граница, која претходно била поставена, паднал и се здобил со повреди на десната нога.
Истиот со возило на Итна медицисна помош бил пренесен во болницата Св.Еразмо-Охрид, а по укажаната лекарска помош е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. За настанот е запознаен Сектор за внатрешна контрола.
