Повредени неколку лица во сообраќајка кај село Велешта

Повредени неколку лица во сообраќајка кај село Велешта.

На 27.06.2025 во 19.30 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, кај струшкото село Велешта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(23) од селото Подгорци, струшко и патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од И.П.(31) од Р.Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.С.(18) од селото Лабуништа, струшко, од возилото со струшки регистарски ознаки. Со телесни повреди се здобиле И.П. и неговиот сопатник Ј.И.(29) од Р.Албанија од возилото со албански национални ознаки, а исто така со телесни повреди се здобиле и две малолетни сопатнички од возилото со струшки регистарски ознаки. Повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани