74 годишниот Ш.Ш. има тешки повреди.
Синоќа во 18.00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Ботун и Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ш.Ш.(74) од Охрид, товарно возило „Даф“ со приколка, со турски национални ознаки, управувано од E.М.(45) од Турција и патничко возило „Сеат Алхамбра“, со австриски национални ознаки, управувано од А.Л.(26) од струшкото село Лабуништа.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, „Во незгодата, возачот Ш.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид“.
Охриднет, од извори во болницата „Св.Еразмо“ дознава дека 74 годишникот бил во сериозна состојба и дека му била укажана неопходната медицинска интервенција а потоа бил префрлен на КАРИЛ во Скопје.
