Повторно забрана за пиење на водата во Струга

Поради обилните врнежи од дожд кои денес го зафатија подрачјето на Охрид и Струга, дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, по однос на параметарот матност.

Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.
Поради тоа и согласно Законот за безбедност на вода, водата од градскиот водовод во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.
Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, информираат од Центарот за јавно здравје. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани