ПОЖАР ВО МИСЛЕШЕВО ЗАФАТИ ПЛЕВНА И ДЕЛ ОД КУЌА

На 9 јуни 2026 година во 22:47 часот во ОВР Струга било пријавено дека во струшкото село Мислешево избувнал пожар во плевна, кој се проширил и зафатил една соба од куќа.

Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, која ги евакуирала станарите од куќата, како и домашните животни кои се наоѓале во плевната.

По настанот, увид извршила увидна екипа од ОВР Струга, а причините за избувнувањето на пожарот се утврдуваат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани