Пред еден век било изградено првото кино „Охридско Езеро“

Изложбата на старите филмови кои ги гледале охриѓани во минатото, ги врати спомените за старото кино во Охрид. Повозрасните се присетија на едни убави времиња, кога немало достапни ТВ и филмови како денес, туку цели семејства оделе во кино за да може да бидат во чекор со филмската уметност.

Првото кино во Охрид  познато кино „Охридско Езеро“ , било изградено во далечната  1924 година, пред точно еден век,  од страна на семејството   Петкоски- Мартиноски.

-„Тоа кино е значајно многу, како што реков тоа беше единствената забава за охриѓани. Во тоа време немаше кафичи, се што се случуваше се одвиваше околу киното. Мојот татко како еден од првит киноапаратери во киното работеше од 1935 до неговото пензионирање 1975 година. Цел работен век го помина во тоа кино. Апаратурата беше донесена дирекно од Австрија, се сеќавам на тој проектор работеше мојот татко, беше од марката Херландо. Проекторот го монтира некој Ернест од Австрија, кој беше дојден со неговата сопруга Адела. Тоа кино почна да работи од 1926 година па натаму“, раскажа  Љупчо Паункоски автор на документарни филмови во изјава за МРТ ТВ.

Паункоски растел во тоа кино, токму од таму му се вродила љубовта кон филмот. До денес создал седум докумнтарни филмови за дел од нив добил и награди. Еден од неговите филмови го посветил токму на охридското кино, за кој доби награда Уника.

– „Досега направив седум документарни филмови, од кои еден за киното Охридско Езеро. Меѓу првите филмови кои ги направив е првиот филм, кој мене ми е најдраг, се вика „Американците од Малесија“ , кои МРТВ на времето го прикажуваше. Тоа е еден документарен филм кој го опфаќа печалбарството одењето во Америка. Другите филмови се исто така поврзани со регионот Малесија, додека последниот филм со кој учествував на 31 то издание на Манаки  е филмот киното Охридско езеро за кој ја добив меѓународната награда Уника.  И на 30 то издание учествував и добив прва награда за првиот хотел Радич,  ја добив Гранд при наградата“, вели Паункоски.

Старото кино во Охрид денес е нем сведок на едни убави времиња. Тогашната опрема кинопроекторот моментално  се наоѓа  во кинотека Скопје. Љубителите на филмската уметност, велат треба да се направи музеј кој ќе може да го посетуваат и граѓаните и туристите и да  може да ја слушнат приказната за првото охридско кино.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани