Прегласување ќе има на едно избирачко место во Охрид

Државната изборна комисија усвои три приговори на ВМРО-ДПМНЕ и еден на коалицијата ВЛЕН. Прегласување ќе има во Охрид, во Крушево и во Желино. По извршеното пребројување за избирачкото место во Охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и корекција во делот на гласачите внесени рачно. Прегласување ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација. Во избирачко место во Желино пак, ДИК утврдило дека 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во уредот, туку гласале само со матичен број и со скенирање на личната карта.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Северна Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори – девет од коалицијата „Вреди“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани