Со инвестиции во здравствените иституции ќе се развива здравствен туризам. Новата опрема за хидро масажа и физикална терапија значително се подобрени услугите во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо.
Денес во посета на болниците беше министерот за локална смаоуправа заедно со градоначалникот Пецаков и амбасадорката на Швајцарија.
-„Мене ми е посебно драго што имаме прилика заедно со партнерите Владата на Швајцарија да инвестираме во ваков тип на проект кои што итекако значат за подобрување на квалитетот на наа животот на нашите граѓани во сите осум плански региони Нашата интенција е преку вакви проекти да се развива здравстѕвен туризам не само во овој регион морам да кажам дека овие две болници се особено битни за целата држава а не само за овој регион , рече министирето за локална самоуправа Перински.
– Охрид прераснува во центар на здравствен туризам во регионот а тоа е очигледно преку инвестициите и развојот на овие две болници Свети Еразмо и Свети Стефан. Овие инвестиции се од суштинско значење не само за пациентите од регионот туку и пошироко. Ова е од големо значење за пациентите за подобрување на квалитетот на специјалистичките услуги кои што овие центри ги нудат. Така да мојата лична надеж е дека во следниот период ке продолжи оваа соработка и на други полиња не само во здравството, рече Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.
Како здравствена институција особено ни е чест што добиваме поддршка од Швајцарската влада и од министерството за локална самоуправа со вакви инвестиции коишто се од огромно значење за самиот здравствен процес во нашата установа, како заокружување на рехабилитација, постоперативен третман на пациентите кои што се оперираат кај нас како и пошироко од републиката. Особено на апциенти оперирани со ендопротези,пациенти со фрактури, спортски повредди, нега и рехабилитација на пациенти со дестак паралзиа. Така што особено ни се битни вакви специфични инвестиции во кои сме ретки во државата и сме доста атрактивни за пациентите од ортопедско трауматолошки зафати, рече д-р Харлампие Шокароски директор на болницата Св Еразмо.
Во Специјализираната болница за кардиолошки заболувања Свети Стефан набавен е ехо апарат со кој се подобрени услугите за третман и дијагностика на пациентите.
-Со реконструкцијата на дотраениот кров, фасада и столарија добивме енергетски ефикасен објект со тоа се овозможи нашиот оддел за рехабилитација да биде фунцкионален преку целата година. Со набавка на новата ултразвучна еходијагностика вршиме побрзи и попрецизни прегледи на пациентите а се овозможи исто така и да се може да се зголеми бројот на ехо прегледите како и воведувањето на нови дијагностички рпоцедури. Немаме проблем со навремено закажување термини за пациентите и следење на нивната историја, вели д-р Билјана Тегоска директор на Специјалната болница за кардиолошки заболувања.
Подобрувањето на условите во здравствените установи, нова медицинска опрема и реконструкцијата на здравствените објекти се главните цели кон кои треба да се стреми Македонија за развој на здравствениот туризам. Приходите од овој туризам во светски рамки се големи.
Новинар Соња Рилковска
Фотогалерија