Претседателот на Советот на Општина Охрид учествуваше на прекугранична тркалезна маса во Албанија

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, денеска учествувал на прекугранична тркалезна маса во Тушемишт, Албанија, посветена на спречување и борба против насилен екстремизам и радикализација.

Фокусот на настанот бил ставен и на онлајн радикализацијата како современ безбедносен предизвик, при што учесниците размениле искуства и пристапи за справување со овие појави.

Организатори на тркалезната маса се ОБСЕ во соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот на Република Македонија и Координативниот центар за борба против насилниот екстремизам во Република Албанија.

Во својата објава, Божиновски истакнува дека поблиската прекугранична соработка на Општина Охрид е од суштинско значење за ефикасно справување со новите ризици, како и за промовирање кохерентни одговори и размена на добри практики.

Настаните од ваков тип придонесуваат кон зајакнување на регионалната соработка и безбедност.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани