Претстојат измени на законите за туристичка и угостителска дејност?

Проблемите кои го обременуваат работењето во туризмот и угостителството во Република Македонија, беше темата на тркалезната маса што, вчера се одржа во Стопанската комора на Република Македонија во Скопје.

На тркалезната маса, Здружението на угостителството и туризмот искажа став дека има можност и потенцијал, секторот туризам и угостителството како дејност да обезбедат уште поголемо учество во домашната економија, но поради одредени законски неусогласености и недоречености, во секторот постои нелојална конкуренција и одредено ниво на сива економија.Од тие причини,Здружението на угостителството и туризмот, ќе поднесе Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност и Законот за угостителската дејност.Здружението, во предлог измените предлага измена на моделот на функционирање на туристичките агенции со А и Б лиценца односно поделбата на агенции кои исклучиво ќе работат организација на патување – туроператорство и продажни агенти или туристички агенции кои само ќе ги продаваат аранжманите изработени од туроператорите односно организаторите на патувањето.Здружението ќе предложи и релиценцирање односно обновување на лиценцата за работа по одреден период од две или три години, воведување банкарска гаранација за работата на туристичките агенции односно да не постои опција за обезбедување гаранција преку осигурителна полиса и примена на светската пракса- воведување на осигурување на аранжманите за да се обезбеди уште поголема самоконтрола на работата на туристичките агенции. Според Здружението, во Република Македонија постои неусогласеност на Законот за туристичка дејност и Закон за превоз во патен сообраќај и не постои регистар за лиценцирани компании кои вршат превоз на патници, а кои по тој основ може како дополнителна дејност да вршат туристичка дејност. Поради тоа, се предлага, од аспект на нелојална конкуренција и елиминирање на сивата економија, да се додефинира основната дејност на туристичките агенции наспроти дејноста на авто превозниците.
Асим Меџедовиќ-директор на реномираната туристичка агенција „ Fibula Air Travel“, смета дека од извонредно значење е што Здружението на угостителството и туризмот иницира менување на моделот на субвенции, односно допрецизирање на одредени членови од Правилникот за начинот, видот и висината на субвенциите. Причината е што во процесот на исплата на субвенциите, постапката е сложена и обемна, со многу непотребни детали, поради што доаѓа до доцнење во исплата на субвенциите, вели Меџедовиќ.За таа цел се предлагаат одредени технички измени во Правилникот за начинот, видот и висината на субвенциите, доставување помалку документи со цел да се упрости постапката а при тоа сепак да се обезбеди соодветна гаранција дека ќе бидат исполнети условите од Правилникот.
-Веќе постои иницијатива од странските туроператори, кои предлагаат да се примени моделот на субвенционирање на Турција каде што поддршката е по реализиран авионски чартер, за што не е потребна обемна дополнителна документација. Се разбира, ваквиот модел треба да биде моделиран според македонските услови“, посочи Меџедовиќ.


На Тркалезната маса, беше кажано дека голем проблем е фактот дека странски групи туристи, и покрај законската обврска, не најмуваат домашен туристички водич за Македонија и при тоа се нема контрола ниту увид, кој се и како ја претставува историјата, културата и традиционалните вредности на Македонија. Посебно се нагласи потребата од модернизирање на водичката служба која ќе може да одговори на предизвиците, потребите и барањата на модерниот туризам. Дополнително, потребно е осовременување на инспекциските служби во туризмот, добивање поголеми ингеренции на локалните инспекциски органи и надминување на законскиот вакум согласно кој, локалните инспектори немаат можност да пренесат активности на инспекциските служби на државно ниво.
Директорот Меџедовиќ посочува дека најголемиот проблем со кој се соочуваат туристичките и угостителските субјкти се продажбата на аранжмани преку BOOKING и AIRBNB системот, од аспект на заштита нелојалната конкуренција и елиминирање на сивата економија.Нагласува дека решение за одредените проблеми во туризмот и угостителството е поголема и поактивна соработка со инспекциските служби пред се со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, Локалната туристичка инспекција на Град Скопје и Охрид и со Инспекцискиот совет во целост, поголема надлежност на инспекциските служби на локално ниво, зајакнати инспекциски контроли на државно ниво, со можност за формирање туристичка инспекција на државно ниво.
На одржаната тркалезна маса, се изрази потребата од поддршка на угостителството и стимулации во угостителството согласно препораките во финалната верзија на Стратегијата за туризам на Република Македонија. на Тркалезната маса,покрај членките, учествуваа и претставници од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за економските ресори, претставници на Министерството за економија, на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на Министерството за труд и социјална политика, на Управата за јавни приходи, на Државниот пазарен инспекторат, како и претставници на туристичките инспекции на Град Скопје и на Град Охрид“.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани